Connect with us

Други спортови

За прв во историјата Авганистан ќе учествува на ЗОИ

За прв во историјата на Зимските олимписки игри ќе настапат спортисти од Авганистан.

Националниот олимписки комитет за настап на Игрите во Пјонгчанг пријави двајца спортисти кои ќе се натпреваруваат во велеслалом.
Саед Алиша Фарганф и Сајад Хусаини ќе бидат дел од натпреварувањата во велеслалом.

Двајцата за прв пат со скијање почнале да се занимаваат пред шест години, а за настап на Олимписките игри веќе се подготвуваат во Сент Мориц.

Игрите во Пјонгјанг ќе се одржат од деветти до 25 февруари следната година.