Други спортови
За разлика од другите, Новак никогаш не ме заборави
Прославениот хрватрски тениски стручњак Никола Пилиќ, објасни зошто го обожува српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Познато е дека двајцата имаат посебен однос уште од времето кога Новак почнуваше да игра тенис, односно беше член на познатата академија на хрвтскиот стручњак.
Иако веќе подолго време не соработуваат, Никола и Новак постојано се воконтакт.
- Еве пред неколку минути ми стигна порака од Новак од еден остров каде се одмара со сопругата. Јас му честитав на феноменалната сезона, откри Пилиќ за хрватските медиуми.
- Тоа што го направи тој за само неколку месеци е навистина чудно. Ниту јас не можам да верувам дека на овој начин ја заврши годината. Кога играше во Америка, во март годинава ми се јавиваа српски новинари и ми велеа дака ова е крај на неговата кариеара. Но, јас им велев дека треба да почекаат. Сите ние ги знаеме неговите квалитети и секоја чест за тоа. Оваа сезона е одлична зошто се врати од бездната и на сите им одржа лекција. Оваа сезона е многу поимпресивна од онаа во 2016 година кога имаше скоро 17.000 поени на АТП листата, вели Хрватот.
Хрватот ја истакна и најголемата работа поради која го цени светскиот тениски рекет број еден.
- Тој е мојот тениски син. Тренирав со него кога имаше 15 – 16 години. Тогаш тој беше дел од мојата академија. Она што најмногу го ценам кај него е тоа шро за разлика од другите големи тениски асови со кои работев, никогаш не ме заборави. Тоа е неговата вистинска големина, заклучи Пилиќ