Connect with us

Фудбал

За се е крив Пеп Гвардиола

Фудбалската репрезентација на Германија во изминатите неколку месеци ги бележи најлошите резултати во поновата историја. Елиминација во групната фаза од последниот Мундијал во Русија и испаѓањето од елитната дивизија во Лигата на нации, беше причина германските медиуми да започнат со дијагностицирање на причините за големата криза која го тресе четрикратниот светски и трикратниот европски шампион.

  • Најголемата вина за последните резултати е кај Пеп Гвардиола. Тој не научи, за време на неговиот мандат како тренер на Баерн (М), дека за победа е потребно да се има 75% посед на топката, но неговата филозофија е погрешна. Во фудбалот се зависи од резултатот. Резултатот има поголемо значење од поседот. Контролата на топката не е доволна за позитивен резултат. Барем не секогаш, изјави поранешниот репрезентативец на Германија, Ханс-Петер Бриегел за италијанскиот весник “Ла Република”.

Поранешниот селектор на Албанија додаде дека Германија сега е на еден крстопат, но верува дека многу брзо ќе се врати на своите корени.

  • Франција на СП во Русија демострираше авторитет на светски шампион. Играше на традиционалниот начин и победуваше. Докажа дека натпреварот може да се добие и без поголем посед на топката. Се надевам дека ќе го следиме францускиот пример. Јас се надевам дека Германија е во криза која полека но сигурно завршува, додава Бриегел.

Германија во актуелната календарска година одигра 12 натпревари во сите натпреварувања и забележа дури шест порази (Бразил, Австрија, Мексико, Ј. Кореја, Холандија, Франција). Ремизираше против Шпанија и Франција и забележа само четири победи против Саудиска Арабија, Шведска, Перу и Русија.