Connect with us

Фудбал

За збогум: Јубилеј на Левандовски и последен гол за Баерн (ВИДЕО)


Баерн денеска ремизираше 2-2 со Волфсбург во 34. коло од Бундес лигата.

Станишиќ го доведе Баерн во водство, а Роберт Левандовски во 40. минута погоди за 0:2.

Тоа беше јубилејниот 50-ти гол на Левандовски оваа сезона, а веројатно и последен за Баерн.

Со головите на Винд и Крузе, Волфсбург стигна до реми.

 

Да потсетиме, спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ денеска потврди дека Полјакот му рекол дека сака да го напушти клубот.

 

“Разговарав со Левандовски. Тој ми кажа дека не сака да ја прифати нашата понуда за продолжување на договорот и дека би сакал да го напушти клубот”, изјави Салихамиџиќ за Sky Sports.

 

Одлуката на најдобриот фудбалер на денешницата е јасна, но кој е неговиот мотив?

 

„Тој рече дека би сакал да направи нешто друго“, откри Салихамиџиќ, појаснувајќи: „Но, нашиот став не е променет: Лева има договор до 30 јуни 2023 година. Тоа е факт“.

 

Според Салихамиџиќ, преговорите со другите клубови се уште не се одржани. Според Скај, Левандовски би сакал да замине во Барселона. Каталонците се уште вложуваат големи напори за негов трансфер.