Connect with us

Фудбал

Заборавениот Пато се враќа на големата сцена? „Чекам повик“

Бразилскиот напаѓач Александре Пато има желба да се врати во својот поранешен клуб Милан.

Пато е ѕвезда на Орландо Сиј во МЛС, но се надева дека ќе се врати на Сан Сиро каде играше од 2007 до 2013 година, кога воодушевуваше со своите напаѓачки способности и важни голови за Росонерите.

Иако кариерата го однесе во клубови како Коринтијанс, Виљареал, Тијанџин Тианхаи, Сао Паоло и сега, Орландо Сити во годините по неговото заминување, Пато вели дека му недостасува Италија и би сакал да се врати во Милан.

„Се чувствувам добро во Орландо и имам договор тука, но Малдини знае дека сум подготвен да се вратам“, изјави Пато.

„Јас сум позрел, имам поинаков однос кон фудбалот и би можел да бидам корисен за младите играчи. Ми недостигаат Италија и Италијанците. Секогаш и велам на жена ми дека еден ден ќе ја однесам во Италија и тогаш таа ќе разбере зошто страдам за таа земја“, додаде напаѓачот.

„За мене Милано беше фундаментален град. Научив многу работи и ми недостига се за Милан. Би сакал да се вратам во клубот. Впрочем, има многу играчи во Серија А во подоцнежните години“, заклучи тој.

Напаѓачот првично му се приклучи на Милан во јануари 2008 година, постигнувајќи 63 гола на 150 натпревари. Сепак, по одличниот почеток на животот во Серија А, Пато беше тешко повреден, поради што го напушти клубот.