Connect with us

Други спортови

Загина канадска спортистка на 33-годишна возраст во страотна трагедија за време на натпревар

Канадската спортистка Кетрин Морел загина на 33-годишна возраст. Како што пренесуваат дел од светските медиуми, Морел, која е успешна спортистка во коњички спортови, а требаше да учествува и на Олимписките игри, загинала за време на натпревар во Флорида, кога при еден скок на пречка, нејзиниот коњ се свртел и со хрбот паднал врз неа.

Според информациите од медиумите, Морел веднаш била префрлена во болница, но за жал им подлегнала на повредите.