Фудбал
Загреб добива нов спектакуларен стадион, ќе чини повеќе од 60 милиони евра
Сите пречки за изградба на новиот Максимир, стадионот на Динамо Загреб, се отстранети по 27 години, јавуваат хрватските медиуми. Во 2021 година Динамо го објави основниот распоред на новиот стадион, кој треба да биде завршен во рок од три години. Деновиве и официјално беше решен спорот со Католичката црква, па се очекува изградбата на новиот Максимир да започне во 2026 година.
Инаку, виртуелниот изглед на новиот Максимир го создаде загрепскиот архитект Ото Барич. Иако пред три години изградбата на стадионот беше проценета на 60 милиони евра, поради инфлацијата јасно е дека сега таа ќе биде значително повеќе.