Connect with us

Фудбал

„Закачија фотографија од сметката на Нејмар, а потоа ја ’загубија’ главата“

Од 2017 година до денес никој не го надмина рекордниот трансфер на Нејмар кој од Барселона премина во ПСЖ за 222 милиони евра.

Нејмар во ПСЖ се уште го нема направено она за што беше доведен, а тоа е освојување на Лигата на шампионите, додека Барселона е во пад од продажбата и исто така не се искачи на кровот на Европа и залудно троши пари.

Може да се каже дека продажбата или купувањето на Нејмар никому не му донесе толку колку што очекуваа.

Сепак, на прво место, челниците на Барселона задоволно ги триеа рацете кога во клупската каса беа собрани 222 милиони евра, а за тоа сега одлучи јавно да проговори Сике Родригез, новинар на шпанскиот „Caden SER“.

„Бартомеу, Грау и клупскиот советник Гомез ја фотокопираа сметката за продажба на Нејмар од 222 милиони евра. Тие закачија фотокопија од сметката на ѕидот од нивната канцеларија. Триото беа пресреќни од продажбата, а потоа ги загубија главите во светот на фудбалските трансфери“.

Дека неговите зборови не се далеку од вистината, потврдува и фактот што по продажбата на Нејмар, Барселона направи три трансфери кои не и донесоа ништо посебно, а кои се меѓу осумте најскапи во историјата на фудбалот.

Да потсетиме, во 2017 година за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд го донесе „вечно повредениот“ Усман Дембеле, во 2018 година од Ливерпул пристигна Филипе Кутињо (трет најголем трансфер досега) за 145 милиони евра и на каталонскиот тим му донесе апсолутно ништо, а 2019 година пристигна Антоан Гризман од Атлетико и три години подоцна повторно игра за Атлетико.