Connect with us

Фудбал

Заминувањето на Нејмар во ПСЖ ги опамети челниците на Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмр во 2017. година ја шокираше фудбалската јавност со одлуката да ја напушти Барселона и да премине во ПСЖ кој за него плати 222 милиони евра.

Нејмар така стана најскапиот играч на сите времиња, но за сите беше големо изненадување што одлучи да замине од Барселона. ПСЖ не сакаше да преговара со челниците на каталонскиот клуб, а во Париз доаѓањето на Нејмар сакаа да го решат што побргу и ја активираа откупната клаузула.

Бразилецот во Барселона имаше откупна клаузула од 222 милиони евра, па изгледаше дека никој нема да биде толку „луд“ да издвои толкава сум за фудбалерот, но сите се излажаа. После случајот Нејмар на Камо Ноу сега размислуваа доста попаметно, па веднаш се „фрлиа“ во акција за да ги зголемат откупните клаузули на главните играчи.

Секако, прв беше Лионел Меси чија откупна клаузула е зголемена од 300 на 700 милиони евра. На Жерард Пике клаузулата беше зголемена од 200 на 500, а на Серхи Роберто од 40 на неверојатни 500 милиони евра. Зголемување на откупните клаузули добиа и Тер Штеген (од 80 на 180 милиони евра), Умтити (од 60 на 500 милиони евра) и Бускетс (од 200 на 500 милиони евра).

Во Барселона моментално се преговара уште со неколку фудбалери околу продолжување на соработката, а помеѓу останатите се издвојуваат Жорди Алба и и Иван Ракитиќ кои наскоро би требало да ја продолжат соработката со каталонскиот клуб.