Connect with us

Фудбал

Заработил милиони, а игра во копачки од 65 евра од обична продавница

Француската фудбалска легенда и познат играч на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман го привлече вниманието поради копачките кои ги носи.


Фудбалерите заработуваат огромни пари од добавувачите и производителите на спортска опрема во која играат, а за Гризман тоа во моментов не е случај. Французинот имаше договор со Пума, чиј амбасадор беше, но тој истече. Гризман не потпиша ниту еден договор по летото и раскинувањето на соработката со Пума, туку се сврте кон сосема неочекувана опција во модерниот фудбал. Имено, Французинот моментално настапува во копачки кои чинат 65 евра и се продаваат во најчестите трговски ланци. Неговите копачки од Декалон привлекоа големо внимание кај фудбалската јавност бидејќи ги носеше на мадридското дерби против Реал викендов.