Connect with us

Фудбал

Заработката од Алисон, Рома ја пренасочува кон трансфер на друг Бразилец

Рома во овој преоден рока веќе донесе голем број засилувања, но „Волчицата“ остана без одличниот чувар на мрежата, Бразилецот Алисон.

Вчера веше официјализиран трансферот на Алисон во Ливерпул, а Рома инкасираше околу 75 милиони евра. Сепак, овие пари нема долго да останат на сметката на Рома.

Имено, спортскиот директор на Рома Мончи планира дел од средствата да ги искористи за на „Олимпико“ да го донесе асот по кој „војува“ Еврпа – Малком.

Одличниот млад крилен фудбалер веќе некое време се поврзува со многу клубови од Англија, но сега и Рома верува дека може да го привлече на „Олимпико“. Некои италијански медиуми дури и соопштија дека Малком ги договорил условите со Рома, а неодамна и Мончи изјави дека постои можност овој Бразилец да дојде во Рома.

Според некои шпекулации трансферот на Малком би ја чинел Роам повеќе од 35 милиони евра.