Connect with us

Фудбал

Завршен трансферот на Пол Погба!

Францускиот фудбалер Пол Погба (29) кариерата ќе ја продолжи во редовите на италијанскиот великан Јувентус. Погба после шест години го напушта Манчестер Јунајтед како слободен играч. Се поврзуваше со многу тимови, но на крајот реши да се врати во клубот кој го издигна како ѕвезда.

„Газета дело Спорт“ ексклузивно објави дека 29-годишниот фудбалер го комплетирал трансферот во редовите на Старата дама и дека се ќе биде официјално потврдено штом се комплетираат малите детали во договорот.

Погба ќе потпише тригодишен договор со „бјанконерите“. На годишно ниво Французинот ќе заработува осум милиони евра плус бонуси и сега се чека само официјална потврда на потписот. Пол Погба играше за Јувентус од 2012 до 2016 година. Тој стана вистинска ѕвезда во торинскиот гигант, играше неверојатен фудбал и постигна 34 гола на 178 натпревари.

Со Старата дама во тој период освои осум трофеи, а потоа замина во Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 105 милиони евра.