Connect with us

Фудбал

Завршена истрагата за сообраќајката во која загина познатиот фудбалер

Завршена е истргата за страотната автомобилска несреќа во која минатото лето загина славниот шпански фудбалер Хозе Антонио Рејес. Иако првобитно по несреќата беше објавено дека Рејес го возел Мерцедесот Брабус С550 со брзина од 237 километри на час, и дека со случајно свртување удрил во заштитната ограда на улицата, поради што му пукнала гумата, сепак развојот на настаните е сосема поинаков.

Според истрагата, Рејес го возел автомобилот со брзина од 187 километри на час, во моментот кога му пукнала левата задна гума, јавува Кадена СЕ. Шпанскиот фудбалер загубил контрола над автомобилот кој потоа удрил во бетонски блок, се превртел преку него и се запалил.

Џонатан Рејес, роднина на Хозе Антонио Рејес исто така загинал во несреќата, а неколку дена претходно го поправал токму тоа лево тркало. Во несреќата преживеал единствено нивниот роднина Хуан Мануел Калдерон, кој се здобил со тешки изгореници на 60 отсто од телото.