Connect with us

Фудбал

Зборовите на Коваќ нема да му се допаднат на Левандовски

Во последните неколку недели имаше многу шпекулации за судбината на Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач моментално важи за еден од нај ценетите напаѓачи на светот, а откако со Баерн освои бројни трофеи, одлучи да ја напушти „Алианц Арена“ и да игра некаде надвор од Бундеслигата.

Сепак, проблемите на релација Баерн – Левандовски се уште траат. Левандовски има договор со Баерн до 2021. година и за евентуален трансфер „благослов“ од клубот, меѓутоа „Баварците“ немаат намера да се ослободат од својот најдобар играч. Јасна порака до Левандовски испрати тренерот Нико Коваќ.

„Нема ништо ново врзано за Левандовски. Јасно е дека тој нема да го напушти клубот, затоа што е врвен напаѓач и не сакаме да останеме без него“, рече Коваќ, па додаде:

„Не е тајна дека Левандовски сака да замине од клубот. Но, едно е што тој сака, а друго е што ние сакаме со него. Има договор и дефинитивно ќе остане овде колку што е можно“, порача Коваќ чии зборови секако нема да му се допаднат на Левандовски.

Левандовски е член на Баерн од 2014. година.