Ракомет
„Земјо Македонска“ eчеше во соблекувалната на македонските ракометарки по победата над Турција
„Земјо Македонска“ eчеше во соблекувалната на македонската женска репрезентација, откако без поголеми проблеми ја победи Турција. Со оваа и победите над Азербејџан и Исланд во квалификациската група Македонија се избори за пласман во баражот за СП.
Избраничките на Симе Симовски на сите три меча беа на посакуваното ниво и не им дозволија на противниците да помислат на нешто повеќе од пораз.
Мундијалот ќе се игра следната година во Јапонија, а противникот ќе го добиеме на 16 декември и тоа ќе биде една од репрезентациите што во моментов играат на ЕП во Франција.