Connect with us

Фудбал

Земјотрес во Дортмунд: По Халанд заминуваат уште играчи

Ерлинг Халанд на лето сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

За него се заинтересирани најголемите светски клубови и нема шанси Борусија да го задржи во своите редови, но обезбедија откупна клаузула кога го доведоа Норвежанецот од Салцбург.

Сепак, како што пренесува Спорт1, тој не е единствениот кој ќе го напушти клубот на лето.

Не е добра сезона за Борусија. Фудбалерите на Марк Роуз испаднаа од Лигата на шампионите и Купот на Германија.

Иако клубот е втор во лигата и можеше да му се закани на Баерн извесно време во борбата за титулата, во последното коло загуби со 1:4 од Лајпциг и има мали шанси за освојување на лигата, речиси никакви.

И покрај слабите резултати, раководството на клубот од Дортмунд нема намера да се раздели со актуелниот тренер. Раководството веќе објави дека споменатиот Марко Роуз ќе остане на тренерската позиција. Но, клубот има намера да се збогува со неколку играчи кои на лето треба да заминат во нов клуб.

Покрај Ерлинг Халанд, кого сите го посакуваат, од Дортмунд најверојатно се збогуваат уште четворица играчи.

На трансфер листата се Торган Азар, Џулијан Брант и Нико Шулц. Никој од нив не ги исполни очекувањата на клубот и од јуни може да бараат нов клуб.

Сепак, играчите не треба да се грижат. Азар го привлече вниманието на француските клубови, додека другите два можат да прифатат понуди од послабите бундеслигаши.

Последен играч кој се прости од Борусија е Аксел Витсел. Белгиецот веќе им кажал на клупските власти дека нема да го продолжи договорот и во јуни ќе замине како слободен играч.

Клубот веќе бара нови играчи, а еден од нив би требало да биде Карим Адејеми од Салцбург. Раководството е речиси сигурно дека ќе го реализира неговиот трансфер на лето, трансфер кој како што пишуваат Германците треба да биде најава за нова Борусија Дортмунд.