Connect with us

Фудбал

Земјотрес во Париз: ПСЖ останува без двете најголеми ѕвезди

Двајцата најдобри фудбалери на ПСЖ Нејмар и Мбапе би можеле да ги напуштат редовите на „светците“ во текот на летниот преоден рок, кажа тренерот на тимот Томас Тухел.

Германецот во сабота официјално ја продолжува соработката со Францускиот шампион до 2021. година и веќе започна да го формира тимот за напад на Лигата на шампионите.

Во тој потфат би можел значително да биде ослабнат затоа што иднината на двете ѕвезди за останување во ПСЖ е неизвесна.

„Работите се такви какви што се. Имаме многу талентирани и квалитетни фудбалери и затоа има толку шпекулации. Мојата желба е сите најдобри играчи да останат и да го завршиме проектот кој го започнавме“, кажа Тухел.

Меѓутоа, откри и како стојат работите околу Нејмар и Мбапе.

„Јасно е дека сакам да ги задржам. Меѓутоа, не можам да ветам дека ќе останат. Тоа би било навистина наивно, а јас не сум таков човек“, рече тренерот на „светците“ и така дополнително ги распламни шпекулациите за судбината на двајцата фудбалери.

За потсетување, Мбапе пред неколку дена во интервју го најави можното заминување од ПСЖ, а прв кандидат за потпис на Французинот секако е Реал Мадрид.

„Кралскиот“ клуб е главен фаворит и за доведување и на другата ѕвезда, Нејмар, а за купувањето на двете суперѕвезди инсистира претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој сака да направи нови „галактикоси“ и на тоја начина до некаде да се „извади“ за лошата сезона која „Кралевите“ ја имаа.