Connect with us

Фудбал

„Земјотрес“ во Тотенхем, Мурињо во проблеми

Како што стојат работите на Хари Кејн му е доста. Англиските медиуми пишуваат дека по крајот на сезоната напаѓачот ќе се обиде да замине од Тотенхем. Две работи се клучни, првата капитенот на Англија не сака веќе да го троши времето без шанси да се освои нешто, а втората е тоа што не верува дека клубот може да направи тим кој би бил конкурентен во Англија, но и Европа.

Наводно раководството на клубот го известило Мурињо дека без пласман во ЛШ следната сезона нема да може да смета на голем буџет за засилувања, а без Кејн и Сон кои се повредени тешко е да се верува дека ќе стигне до петото место, кое во случај на потврда на суспензијата на Манчестер Сити би значело пласман во ЛШ.

Кејн смета дека секогаш бил коректен, дека не форсирал трансфер, има договор до 2024-та година и одлуката е на клубот, но тешко е да се задржи играч кој не е задоволен.