Connect with us

Фудбал

Ѕенга нов тренер на Кротоне

Легендарниот италијански голман Валтер Ѕенга ќе го наследи Давиде Никола на тренерското место во Кротоне, објавија италијанските медиуми.

Ѕенга ќе има задача да обезбеди опстанок во Серија А.

Во својата кариера Ѕенга како тренер работеше во повеќе клубови: Катанија, Палермо, Сампдорија, Вулверхемптон, Црвена Ѕвезда, Динамо Букурешт, Стеауа.

Кротоне по 15 кола во Италијанското фудбалско првенство се наоѓа на 16. место со 12 бода.