Connect with us

Фудбал

Згаснаа два руски прволигаши, уште еден го очекува истата судбина

Рускиот фудбалски прволигашот Тосно згасна во јуни поради банкрот, а ова му се случи и на Амкар од Перм, кој исто така настапуваше во првата лига во минатата сезона.

И Анжи го очекува слична судбина откако клубот од Махачкала ги загуби своите спонзори, должен е на сите вработени и играчи, а владата во Дагестан одби да даде парична помош.

– Долгот е голем и расте секој ден, и многу играчи не добиле плата од април, и ние им се заблагодаруваме за нивното трпение, но нема да можеме да ги исполниме обврските уште долго време, изјави директорот на Анжи, Олег Флегонов.