Connect with us

Други спортови

Жената која го тужи боксерот Мејведер пронајдена мртва

Поранешната девојка на боксерот Флојд Мејведер, која со него има три деца е пронајдена мртва во автомобил во калифорнискиот град Валенсија. Џорџи Харис (40) е пронајдена во автомобилот паркиран покрај нејзината куќа откако загрижените соседи повикале полиција.

Џорџи и Флојд имале многу турбулентна врска , со насилни испади. Мејведер во 2010-та година помина два месеци во затвор поради напад на Џорџи, која рекла дека редовно ја тепал, понекогаш и пред децата. Мејведер го одрекуваше сето тоа и дека многу често се обидувал да ја смири бидејќи била под дејство на дрога.

Меѓутоа Џорџи поднесе тужба против Мејведер, откако тој јавно ја обвинил дека се дрогира и бараше 20 милиони долари оштета. Тој случај се уште трае.
Засега причините за нејзината смрт се непознати.