Connect with us

Други спортови

Жесток коментар на поранешниот селектор: “СКАНДАЛ! Се однесуваат како шверцер на дрога, ова нема врска со спорт!”

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доживува една од најголемите неправди што светот некогаш ги видел, а свој коментар за целата ситуација за „Меридијан“ даде поранешниот селектор на тениската репрезентација на Србија, Богдан Обрадовиќ.

Првиот светски рекет пристигна во Австралија во средата, по што следеше шок. На граница било утврдено дека Новак Ѓоковиќ „нема валидна виза“, поради што бил спречен да влезе во Австралија.

После тоа, најдобриот тенисер на планетата мораше да се „пресели“ во хотелски карантин каде што не му беше дозволено да користи мобилен телефон. Следеше жалба на адвокатскиот тим на Новак Ѓоковиќ, а пресудата ќе биде донесена во понеделник!

Поранешниот селектор на српската тениска репрезентација ги коментираше немилите случувања во Мелбурн.

– Сето ова нема допирни точки со спортот, се работи за политика, се создава нов светски поредок. Многу поголеми експерти од мене ќе го потврдат тоа во иднина од научен аспект, изјави за „Меридијан“ Богдан Обрадовиќ и потоа веднаш додаде:

– Начинот на кој се однесуваа кон Новак Ѓоковиќ е скандалозен. Запленување на телефонот, начинот на кој го уапсиле со два автомобили, како да е шверцер на дрога, а не најдобар спортист на сите времиња …

Ако австралиските власти му дозволат на српскиот тенисер да влезе во таа земја, ќе успее ли Новак да го освои 21. Грен слем во кариерата и да испише историја?

– Поминав 20 години со Новак, знам колкава му е менталната сила, толку повеќе го притискаш – тој е поголем ѕвер. Ако случајно му дозволат да игра, не се сомневам дека ќе направи се за да го освои Австралија опен и да испише историја, подвлече Богдан Обрадовиќ.