Connect with us

Фудбал

Животот на Боатенг во Барселона се претвори во „пекол“

Кевин-Принс Боатенг синоќа дебитираше во Ла Лига во дресот на Барселона, но не се прослави со својата игра.

Боатенг минатиот месец пристигна од Сасуоло на позајмица во Барселона, а тоа ја изненади фудбалската јавност. За „каталонскиот“ клуб дебитираше во Кралскиот Куп против Севиља, но на деби на домашен терен мораше да чека неколку недели.

Сепак, дебито пред навивачите не помина онака како што се надеваше, затоа што Боатенг едноставно не можеше да се „соедини“ со топката. Големи критики доби на друштвените мрежи, а навивачите на Барселона му порачаа дека едноставно не е калибар за овој клуб.

Меѓутоа, ноќната мора за Боатенг започна после натпреварот со Ваљадолид. Имено, кога со семејството се врати дома, Боатенг сфати дека е ограбен. Непоснатите разбојници во неговата куќа додека траеше натпреварот украдоа накит и други предмети во вредност од 300.000 евра.

Боатенг веднаш ова го пријави во полициија која брзо стигна и направи увид. Преку сигурносните камери ќе се обиде да ги пронајде сторителите, но искуството не им ветува премногу дека ќе ги најдат. Но, Боатенг може да се „утеши“ со фактот дека не е единствен играч на Барселона на кој му се случило вакво нешто.

Минатата година истата субина ја доживеа и Кутињо. Само неколку дена откако потпиша за Барселона беше ограбена неговата куќа, а разбојниците никогаш не се пронајдени.