Connect with us

Фудбал

Жоао Педро од Каљари суспендиран по тестот за допинг

Фудбалерот на Каљари, Жоао Педро е суспендиран на неопределено време од страна на Антидопинг агенцијата на Италија, откако не го помина тестот за допинг по натпреварот против Сасуоло на 11 февруари.

Бразилецот е казнет поради користење на супстанцата хидрохлоријазид и тоа токму на денот кога го слави 26. роденден.

Педро оваа сезона беше еден од најстандардните играчи на Каљари во Серија А со 25 одиграни натпревари, а постигна и пет гола.

Ова не е прв случај на допинг оваа сезона во Серија А. Капитенот на Беневенто, Фабио Лучиони во јануари беше суспендиран за период од една година, откако во септември беше позитивен на стероидот клостебол.