Connect with us

Фудбал

Жоржињо на чекор од Манчестер Сити

Дефанзивецот на Наполи Жоржињо е блиску до договор со Манчестер Сити, објави „Тајмс“.

„Граѓаните” се главен фаворит за потписот на италијанскиот репрезентативец, иако сите топ тимови во Англија пројавуваат интерес за него.

Бразилецот одигра голема улога за тимот од Неапол во борбата за титулата во оваа сезона и се смета дека цената ќе биде околу 60 милиони евра.

Дваесет и шест-годишниот фудбалер има три погодоци оваа сезона, а еден од нив е токму против Сити, иако неговата главна задача е да прави врска меѓу одбраната и нападот на својот тим.

Пеп Гвардиола го сака фудбалерот за заменик на Фернандињо.