Connect with us

Фудбал

Зидан донел одлука, седум играчи на трансфер листа, собира пари за Мбапе!

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл ја предводи листата од седум играчи од кои Реал Мадрид сака да се реши ова лето пишува шпански „АС“.

Овој медиум објави дека „Кралскиот клуб“ идното лето ќе се ослободи од Хамес Родригез, Лукас Васкез, Мариано Дијаз, Алваро Одриозола, Дани Себаљос, Начо Фернандез и Герет Бејл.

Според „АС“ од овие играчи Реал Мадрид би можел да инкасира најмалку 100 милиони евра со кои би го поправил финансискиот биланс и удар од коронакризата.

Со овие пари и плус други Реал Мадрид наводно со сите сили ќе тргне по Килијан Мбапе од ПСЖ.