Connect with us

Фудбал

Зидан го подмладува Реал Мадрид ќе пристигне млада ѕвезда од Борусија Дортмунд?!

Екипата на Реал Мадрид како што стојат работите ќе биде доста изменета во следната сезона. Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан има идеја да ја подмлади екипата.

Еден од оние кои ќе дојдат во Мадрид веројатно ќе биде Ашраф Хакими, кој се наоѓа на позајмица во Борусија Дортмунд. Тој има одлична сезона во тимот од Германија.

Според пишувањата во Шпанија Зидан сериозно смета на неговите услуги за идната сезона и по две години практично ќе се врати во Реал Мадрид.

Сепак, Челзи и Баерн Минхен се сериозно заинтересирани за овој 21 годишен фудбалер. Хакими играше за младинскиот погон на Реал Мадрид, а во текот на 2017-та година забележа 9 настапи и 2 голови за сениорите.