Фудбал
Зидан: „Хамес не беше поканет затоа што не сакаше“
Хамес Родригез ги брои деновите во Реал Мадрид.
Зинедин Зидан откри дека на барање на Колумбиецот, тој не бил поканет за мечот со Атлетик Билбао, кој Реал Мадрид го доби со 1-0 со голот на Серхио Рамос.
„Хамес не беше поканет затоа што тој самиот не сакаше да биде поканет“, рече Зизу.
На прашањето кои се причините, Зизу рече „Не сакам повеќе да зборувам за тоа“.
Јасно е дека Хамес на крајот ќе го напушти Реал Мадрид во текот на летото.