Connect with us

Фудбал

Зидан ќе го реконструира тимот

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид се наоѓа во резултатска криза, а тренерот Зинедин Зидан веќе подготвил листа со играчи кои ќе добијат да го напуштат клубот.

Зидан се пожалил и кај претседателот Флорентино Перез дека против него одредени фудбалери водат хајка. Перез наводно му дал одврзани раце да се „ослободи“ од оние за кои мисли дека работат против него.

Првите кои се очекува да си заминат од „Сантијаго Бернабеу“ уште во зимскиот преоден рок се Лукас Васкез и Дани Себалос.

На крајот на сезоната би можеле да си одат Герет Бејл, Лука Модриќ, Кико Касиља, Маркос Љоренте, Ашраф хакими и Хесус Ваљехо.

По 12 рунди во Примера, Реал Мадрид има двоцифрен заостаток (10 бода) зад лидерот Барселона и шест за второпласираната Валенсија.