Connect with us

Фудбал

Зидан: Не сакам да зборувам за тоа што го кажа Бејл

Врската на Герет Бејл со Зидан наводно се влошила во последните месеци, иако Велшанецот во петокот за „Скај Спорт“ изјави дека „не жали“. На прашањето дали има нешто да каже за Бејл, Французинот одговори:

„Нема да зборувам за тоа што го кажа Герет. Наместо тоа, она што ќе го кажам е дека му посакуваме најдобро во иднина. Сега сме фокусирани на себе, тоа е сè“.

Герет Бејл го коментираше трансферот од Реал Мадрид во Тотенхем во интервју дадено за „Скај Спорт“, претходно.

„Секако дека бев во ситуации со голем притисок. Имаше луѓе кои ме исвиркуваа. Но, научив од овие ситуации. Научив да се занимавам со такви работи и да не ги сфаќам премногу сериозно“.

„Во врска со враќањето во Тотенхем, кога одите во нов клуб, сакате да се снајдете добро. Верувам дека тука е одличен тим. Стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, клубот има нов стадион. Убеден сум дека ќе имаме одлична сезона“, додаде Бејл