Connect with us

Фудбал

Зидан: Нејмар? За овие работи ќе разговараме за 10 дена

Одамна се шпекулира дека Нејмар е незадоволен во ПСЖ и дека Реал Мадрид сака да го искористи неговото незадоволство за да го „украде“ и да го донесе на Сантијаго Бернабеу.

Најновите гласини во Шпанија кажуваат дека Нејмар ги договорил личните услови со Реал Мадрид, и дека сега останува на „Кралевите“ да се обидат да го договорат трансферот на Бразилецот со неговиот Париз Сен Жермен.

Дека нешто можеби се „готви“ помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ, навести и тренер на „Кралевите“ Зинедин Зидан, кој пред неколку дена изјави дека „верува дека Нејмар и Кристијано Роналдо може да функционира заедно.“

Сепак, сега Зидан вели дека ќе разговара за се по завршувањето на сезоната и финалето на Лигата на шампионите, вклучувајќи ги и гласините за потенцијалниот трансфер на Нејмар во Реал.

„Јас нема да зборуваме за играч кој не е еден од моите. Остануваат уште 10 дена до крајот на сезоната и два натпревари да се играат. После тоа ќе зборуваме за се што ве интересира“, рече Зинедин Зидан.