Connect with us

Фудбал

Зидан: Ова е само дополнителна главоболка за мене

Фудбалерите на Реал Мадрид минатата ноќ на Сантијаго Бернабе ја „прегазија“ Селта Виго со 6-0 во натпреварот од 37. коло од шпанската Ла Лига.

Зинедин Зидан одлучи вчера да одмори некои од неговите најважни играчи, бидејќи кралевите ги очекува натпревар од финалето на Лигата на шампионите на крајот од месецот. Во претходните две кола, францускиот стратег му даде шанса на играчи кои немаа многу можност да се најдат во првата постава на Реал.

Неговата шанса најдобро ја искористи Герет Бејл кој беше против Барселона, а потоа Селта беше првата виолина на овој тим во отсуство на Кристијано Роналдо. Исто така, одлична игра минатата ноќ покажа и Иско, и се чини дека ова создаде само нови главоболки Зиданеу пред борбата против Ливерпул.

„Подобро е тоа што сите тие се некако се вклучија во сето ова на крајот на сезоната. Се разбира, тоа за мене ќе биде вистинска главоболка кога ќе одлучувам кој ќе биде во стартната постава во финалето на Лигата на шампионите. Сите тие се професионалци, и секако, сите сакаат да играат на тој натпревар. Треба да направиме нешто со што на крајот сите ќе бидат задоволни“, вели Зидан.