Фудбал
Зидан по шокот и поразот од Шахтјор: Не поднесувам оставка!
Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан по мечот и поразот од Шахтјор со 2:0, резултат кој претставува големо изненадување, изјави дека нема намера да поднесе оставка. Како што вели тој останува уште еден меч, на кој „Кралевите“ ќе одат на победа против Менхенгладбах, а Зидан вели дека е убеден дека може да го сторат тоа.
Нема да си дадам оставка! Имавме тешки моменти и лоша низа резултати, тоа е реалноста, но мораме да продолжиме. Одигравме добро прво полувреме, но не успеавме да дадеме гол, така што сега има уште еден натпревар и ќе одиме на победа, вели Зидан.