Connect with us

Фудбал

Зидан постави услов до ПСЖ: „Го сакам само него и никој друг“

Зинедин Зидан најверојатно ќе стане нов тренер на ПСЖ на крајот од сезоната.

Маурисио Покетино не си ја врши баш најдобро работата, а тоа го потврди и неговото неодамнешно испаѓање во Купот од Ница, па доаѓањето на Зидан е се поблиску и поблиску.

Францускиот стручњак поставил само еден услов до парижаните да дојде на Паркот на принцовите, барем така пренесуваат странските медиуми.

Дејли Мејл пренесува дека Зидан веќе побарал доведување ни помалку ни повеќе туку на Кристијан Роналдо, славниот Португалец кој не минува низ најдобриот период во Манчестер Јунајтед.

Наводно, во текот на преговорите, поранешниот тренер на Реал од можните засилувања го споменал само Роналдо, со кој одлично се снашол додека двајцата биле членови на Лос Бланкос.

ПСЖ и претходно се обидуваше да го донесе Роналдо, но безуспешно. Дејли Мејл сега наведува дека и португалскиот ас нема ништо против да игра со Лионел Меси и Нејмар.

Најпрво треба да се почека заминувањето на Покетино, кој беше назначен од Сер Алекс Фергусон за иден тренер, бидејќи со доаѓањето на Ралф Рагник не се подобрија ниту резултатите, ниту атмосферата во тимот.

ПСЖ на крајот од сезоната ќе остане без Килијан Мбапе кој си заминува бесплатно, па воопшто нема да биде изненадување доколку Роналдо слета во Париз.