Connect with us

Фудбал

Зидан во одбрана на Роналдо

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо се наоѓа во голгетерска криза. Португалецот сезонава има постигнато само еден гол во шпанска Примера, а шест во Лигата на шампионите.

Иако Роналдо не е во голгетерска форма, сепак тренерот на Реал, Зинедин Зидан смета дека Португалецот одлично си ја врши работата.

Медиумите секогаш гледаат негативно, а јас поинаку од нив. Роналдо асистираше за голот на Иско. Сите знаеме дека тој е најсреќен кога дава голови, но и сега е среќен. Сепак и без да постигне гол тој одлично си ја врши работата, изјави Зидан.

Роналдо се мачеше да се впише во листата на стрелците и на последниот натпревар против Лас Палмас, кој Реал Мадрид го доби 3:0, но асистираше при погодокот на Иско.

Минатата сезона Роналдо постигна вкупно 37 голови во сите натпревари, додека во најефикасната негова сезона 2014/2015 постигна вкупно 60 голови за Реал.