Connect with us

Фудбал

Зидан за поразот од Бетис: Па, се знае кој е виновен, нема оправдување

Реал Мадрид не успеа да се врати на лидерската позиција, бидејќи на изненадување на многумина доживеа пораз од Бетис со 2:1.

По мечот тренерот Зинедин Зидан се обиде да ги одбрани играчите и целосно да ја преземе одговорноста.

-Изгубивме премногу топки. Немам оправдување, јас сум одговорен за поразот. Иако играчите се трудеа сепак не можеме да бидеме задоволни. Остануваат уште 11 мечеви до крајот и мораме да гледаме напред, изјави Зидан.

Барселона е лидер со 58 бодови, два повеќе од Реал Мадрид.