Connect with us

Фудбал

Златан ми кажа дека ќе ми ги скрши нозете

Иако за време на летниот преоден рок потпиша договор со данскиот прволигаш Есбјерг, после одиграни четри натпревари, холандскиот интернационалец реши да и ставикрај на својата фудбалска кариера

Легендарниот холандски фудбалер, Рафаел ван дер Варт, пред неколку месеци одлучи да и стави крај на својата повеќе од успешна играчка кариера. Во последното интервју кое го даде за еден познат фудбалски магазин, Ван дер Варт откри неколку интересни анегдоти, но и една не толку пријатна, дека во своето детство живеел во камп приколка.

– Јас израснав во камп приколка, но тоа за мене е најнормален живот. Сепак, секогаш кога ќе морав да се преселам во некоја друга земја, јас бев испрашуван како сум можел така да живеам. Имав прекрасно детство. Луѓето мислат дека таквиот начин на живеење е поврзан со сиромаштијата, но не е така. Моите родители повеќе не живеат во кампприколка, затоа што јас им купив куќа кога потпишав договор со Ајакс, откри 35-годишниот фудбалер.

Ван дер Варт откри и една интересна анегдота од времето кога соблекувалната ја делел со шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ. Иако не можеле да се поднесат, Рафаел откри дека ја почитува искреностана Ибракадабра.

– Тоа е точно, навистина ми кажа дека ќе ми ги скрши нозете, но тоа Златан им го кажуваше на сите фудбалери. Исто така точна е информацијата дека не се поднесувавме, но јас, попрво ќе бидам во тим со луѓе кои се искрени како Златан, па дури и ако постои опасност од некаква расправија или тензична атмосфера. Немаше некаков посебен момент кога дојдовме до таквата тензична атмосфера, едноставно кажано, немаше слога помеѓу нас двајца, додаде Ван дер Варт.

Иако за време на летниот преоден рок потпиша договор со данскиот прволигаш Есбјерг, после одиграни четри натпревари, холандскиот интернационалец реши да стави крај на својата фудбалска кариера.

Офанзивниот играч за врска кој за националниот тим на Холандија одигра 109 натпревари, кариерата ја започна во дресот на Ајакс во 2005 година, а освен тој го има носено и дресот на Хамбургер, Реал (М), Тотенхем, Бетис и Мидтјиланд. Освен што играше за неколку големи тимови, Рафаел освои неколку трофеии, а со националниот тим загуби во финалниот натпревар од Светското првенство во 2010 година.