Connect with us

Фудбал

Знае дека згреши и поради тоа стана очаен: Што ќе каже Челзи за потегот на Лукаку?

Ромелу Лукаку летово по две одлични сезони реши да го напушти Интер и потпиша за Челзи.

Лукаку реши да се врати на Стемфорд Бриџ за конечно да го докаже својот квалитет во дресот на Челзи, а во лондонскиот клуб пристигна по две одлични сезони во дресот на Интер.

Актуелниот шампион на Италија го продаде својот најдобар играч за цели 120 милиони евра, што беше одлична работа за челниците на Интер.

Сепак, се чини дека Лукаку не ја донел најдобрата одлука да го напушти Интер. Во Челзи не му оди ни приближно добро како во италијанскиот клуб и се почесто е мета на критики за неговите игри.

По неуспехот на претходните неколку натпревари, се појави информација дека Лукаку би можел да го напушти Челзи по само една сезона бидејќи очигледно не се вклопил најдобро во овој тим.

„La Gazzetta dello Sport“ утринава објави дека Лукаку наводно стапил во контакт со челниците на Интер и изразил желба да се врати на Меаца во текот на летото доколку е можно.

Белгиецот сака да се врати во клубот каде што блескаше бидејќи сфати дека погрешил, но прашање е дали Челзи само ќе го пушти откако потроши многу пари за да го доведе.

Наводно, Лукаку на челниците на Интер им рекол дека е подготвен на се само да се врати и дека ќе се согласи на значително помала плата доколку е потребно за да се реализира неговиот трансфер.

Се уште не е познато што мислат за се челниците на Интер, но сигурно не би имале ништо против Лукаку да се врати. Сепак, најмногу од се, Челзи се прашува, а како стојат работите, не очекува исклучително возбудлив летен преоден рок.