Connect with us

Фудбал

Зола: За Азар подобро е да го одбие Реал

Помошниот тренер на Челзи Џанфранко Зола изјави дека за Еден Азар подобро е да остане на „Стемфорд Бриџ“.

Во последно време се позачестени се натписите за заминувањето на Азар од Челзи. Не е тајна дека овој одличен фудбалер со своите одлични настапи му „падна“ во очи на бројни великани, меѓу кои се истакнува Реал Мадрид, а и самиот Азар не ја исклучи можноста кариерата да ја продолжи во Шпанија.

„Плавите“ се подготвени да го направат Азар нај платениот играч во историјата на клубот само да остане во Челзи, а дека за него најдобро е да ја одбие понудата на Реал и да гради иднина на „Стемфорд Бриџ“ е мислењето и на Зола.

„Азар е еден од играчите кои на овој клуб и на навивачите му донесоа најмногу радост. Има само 27 години и се надевам дека уште долго ќе остане во клубот и со нас ќе стане уште подобар“ кажа Зола.

Азар има договор со Челзи до 2020. година, а новиот кој неодамна му беше понуден, се уште не го прифатил.