Connect with us

Фудбал

Зошто го ,,избришаа,, Конте?

Реал Мадрид во текот на вчерашната ноќ преку официјално соопштение стави крај на сите шпекулации и дефинитивно му врачи отказ на Хулен Лопетеги, а во објавата на „кралевите“ исто така беше нагласено и името на Сантијаго Солари како човек кој ќе ја преземе одговорноста како шеф на стручниот штаб во првиот тим.

Легендарниот играч за врска ќе го преземе првиот тим по одличните резултати со Реал Мадрид Кастилја, но не е никаква тајна дека тој всушност беше втора опција на Флорентино Перез кој се чинеше дека ги има договорено сите детали со Антонио Конте. Сепак, „договорената“ зделка отпадна од игра во последен момент, а угледните шпански медиуми „Марка“ и „АС“ ги открија двете причини поради кои мандатарот на Реал се откажал од доскорешниот менаџер на Челси.

Имено, Италијанецот детектирал два големи недостатоци во актуелниот тим на Реал, па побарал од Флорентино да му даде гаранција за купување на двајца играчи доколку сака да стави потпис на договор со европскиот шампион. Конте побарал нов стопер и нов голгетер, две барања на кои не одговорил позитивно Перез кој одлучил да оди на поевтината варијанта, давајќи му шанса на Солари за кого непознато е дали ќе му биде понуден долгорочен договор за водење на првиот тим.

Извор: Derbi.mk