Поврзи се со нас

Фудбал

Зошто Пјаниќ има слаба минутажа? Куман ги објасни причините

Миралем Пјаниќ го напушти мечот против Полска поради повреда, но се најде во конкуренција за мечот против Хетафе.

-текстот продолжува по рекламата-

На почетокот на сезоната, Пјаниќ има нешто послаба минутажа, досега помина само 27 минути на теренот во Барселона.

Роналд Куман, ја објасни главната причина зошто тој не игра толку често.

-текстот продолжува по рекламите-

“Пјаниќ ни се приклучи со задоцнување поради коронавирусот. Тој требаше да работи за да се опорави физички и мислам дека беше многу корисно за него да игра за националниот тим”, изјави холандскиот стручњак.

“Разговарав со лекарите и тие ми рекоа дека може да тренира без проблем. Тој треба да добие неколку минути на следниот натпревар. Гледајќи го распоредот, тој дефинитивно ќе ја има својата шанса”, додаде Куман.

Пјаниќ пристигна во Барселона ова лето од Јувентус за 60 милиони евра. Тој треба да остане на „Камп Ноу“ барем до 2024 година.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама