Connect with us

Други спортови

Зверев откри дека е болен два месеци!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Александар Зверев, сподели изненадувачка исповед со своите фанови, кој откри дека е болен веќе два месеци. Како што објасни германскиот тенисер, станува збор за пневмонија, која трае веќе осум недели, а поради тоа Зверев го откажа настапот на АТП турнирот во Пекинг, кој во моментов е во тек.

„За жал, ми беше дијагностицирана пневмонија, што ги објаснува моите физички борби во последните месеци. Треба да се грижам за моето здравје за што поскоро да се вратам на натпреварите“, изјави Германецот објаснувајќи ја својата состојба.