Connect with us

Фудбал

Ѕвезда на англиски тим ограбена и повредена

Фудбалерот на Тотенхем и англиски репрезентативец, Деле Али, бил мета на крадци, кои му упаднале во домот. Како што пренесуваат медиумите, Деле Али во домот бил заедно со братот и нивните девојки. Разбојниците му се заканувале со ножеви, а фудбалерот добил и удар во лицето бидејќи не сакал да го предаде скапоцениот накит.

Деле Али се огласи преку социјалните мрежи дека се е добро.