Connect with us

Фудбал

Ѕвездата го напушта Баерн: Тој се согласи со Селихамиџиќ па го прегази зборот

Објавено:

Баерн ќе остане без еден од главните играчи од средниот ред во паузата помеѓу двете сезони. Ова го потврди Карл-Хајнц Румениге.

Румениге потврди дека од следната сезона, Тијаго Алкантара, кој во последните неколку месеци преговараше со Хасан Салихамиџиќ, нема да биде член на тимот.

“Тој преговараше со Салихамиџиќ и се чинеше дека сè е решено и дека тој ќе остане. И тогаш тој рече дека му е потребен нов предизвик во неговата кариера. Мора да го прифатиме тоа”, рече Румениге.

Договорот на искусниот Шпанец со германскиот шампион истекува следното лето, а трофејниот клуб од Баварија бара најмалку 30 милиони евра за него.

Алкантара е член на Баерн од 2013 година кога пристигна од Барселона, а новиот шампион, Ливерпул, во моментов е најзаинтересиран за неговите услуги.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама