Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Баерн не отпатува за Волфсбург, Нагелсман: „Не е во најдобра емотивна состојба“

Никлас Суле денеска не гостуваше кај Волфсбург со остатокот од тимот на Баерн.

Баерн се збогуваше од сезоната со ремито 2-2 во Волфсбург, а германскиот шампион сега во голема мера може да прави планови за следната сезона. Ќе има нови лица во наредната сезона, а некои стари нема. Она што е сигурно е дека Никлас Суле нема да го носи дресот на Баварците бидејќи веќе се договорил за трансфер во Борусија Дортмунд.

 

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман по гостувањето во Волфсбург објасни зошто стоперот не отпатува со тимот.

 

„Разговаравме со него во текот на неделата. Всушност планиравме целосно да го наполниме тимот со играчи кои ќе бидат со нас следната сезона“, изјави Нагелсман.

 

“Самиот тој не беше во најдобра емотивна состојба на последниот тренинг, па го прашавме дали сака да патува на оваа турнеја, а тој рече дека веројатно не, па го оставивме дома“, додаде тренерот на Баерн.

 

Суле настапува за Баерн од 2017 година, а има дури 170 официјални натпревари и пет титули во германската лига и една титула во Лигата на шампионите.

 

Тој во 33. коло играше против Штутгарт и доби овации од навивачите, кои го поздравија и на некој начин му се заблагодарија за се, а од новата сезона ќе го гледаат во дресот на ривалот од Дортмунд.