Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Барса е зависник и мора да се лечи

Каталонскиот гигант Барселона, веќе подолг временски период мака мачи со својот светски шампион, Осман Дембеле. Репрезентативецот на Франција пред неколку недели закасни на утринскиот тренинг затоа што цела вечер играл видео игри со своите пријатели.

Крилниот напаѓач во Барселона живее со своите пријатели од Франција со кои постојано игра видео игри, а раководните лица на актуелниот шампион на Франција се убедени декатоа е повеќе од сериозен проблем, па постојано размислуваат како да најдат решение за таквата ситуација.

Дембеле не се разбудил навреме за да дојде на утринскиот тренинг, а неколку часа подоцна бил разбуден од клупскиот доктор кој дошол во неговиот дом со намера да открие што точно се случува со младиот фудбалер.

Тиражниот спортски весник “АС” пишуваше дека Дембеле постојано повторувал дека има сериозен проблем со стомакот, дека го боли, но лекарските прегледи кои биле направени во клупската амбуланта покажале дека францускиот интернационалец е скроз здрав.

Раководните лица на Барселона не кријат дека се многу бесни и веднаш организирале состанок со неговиот менаџер затоа што сметаат дека Дембеле е надвор од контрола, дека има потреба од помош. Каталонскиот гигант веднаш му обезбеди и приватен возач, со цел полесно да го контролира, но и тоа не иде според планот, а претходно, Дембеле го избркал и клупскиот нутриционист, затоа што не му се допаѓал.

Играчот кој беше купен од германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд за околу 140 милиони евра е зависник од видео игри и прашање е само на време кога Барселона ќе го упати на психолог. Доколку и оваа мерка не вроди со плод, шпанските медиуми се убедени дека поранешниот фудбалерна Рен ќе биде ставен на трансфер листа и дека ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда која нема да биде помала од 100 милиониевра.

Најголем интерес за неговите услуги покажаа раководните лица на англискиот премиерлигаш Ливерпул, но тешко е за верување дека Јирген Клоп ќе се одлучи за купување на фудбалер кој е зависен од видео игри.