Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Манчестер Сити: Исплашени сме поради коронавирусот

Фудбалерите се плашат да се вратат на теренот и мечевите поради коронавирусот, призна ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Како што вели тој, пред се тие се плашат за своите семејства.

Англиските клубови се очекува во текот на утрешниот ден да имаат состанок и да одлучуваат за проектот рестарт на сезоната. Први опции се 8-јуни, но засега не е сигурно.

-Повеќето фудбалери се исплашени, пред се поради нивните семејства, имаат деца, бебиња, но и родители. Кога ќе се вратиме ќе биде тензично. Ќе мора многу да внимаваме, за да не се разболи некој од нас. Се надевам дека со пронаоѓање на вакцина сето ова ќе се реши. Јас сум исплашен од целата ситуација. Тука сум со мојата девојка и немаме контакт со другите луѓе, вели Агуеро за англиските медиуми.

Според Агуеро и доколку почне сезоната најголемиот проблем ќе биде Лигата на шампионите, бидејќи според најавите мечевите ќе се играат во август, кога температурите се доста високи.