Фудбал
Ѕвездата на Реал Мадрид мораше да се извинува на цел Уругвај поради скандалот (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Уругвај на 11 јуни одигра пријателски натпревар со селекцијата на Панама. Славеа убедливо со 5:0, но резултатот остана во втор план поради сцената која налути многу Уругвајци и локалните медиуми.
Имено, претседателот на Уругвај имаше фотографирање со целата репрезентација на теренот непосредно пред почетокот на натпреварите. Свечениот чин помина, но тамошната јавност го обвини младиот фудбалер од Реал Мадрид, Валверде дека не сака да се фотографира и се крие зад своите репрезентативци, што наводно испратило политичка порака.
Usted tranqui Halcón Valverde, algunos sólo buscan dividir pic.twitter.com/xFWp4Z0syJ
— javier. CR7 💪👊 (@tarzanjav) June 12, 2022
Валверде се огласи и на својот Инстаграм профил.
„Не мислев дека треба да се огласам порано бидејќи мислев дека не треба да ги објаснувам моите постапки внатре на фудбалскиот терен, но по неколку дена каде добив бројни критики, чувствувам обврска да седнам и да пишувам, со солзи во моите очи. Секогаш бев повлечено момче. Никогаш не сум го кренал гласот и никогаш не сум имал проблем со никого. Секогаш кога можам се трудам да останам незабележан само поради една причина: Живеам само за фудбалот. Точно, се истегнував, ги наместив чорапите, но точно е и дека не внимавав во моментот кога се кога се фотографираше. Мислев на играта, во мојата глава беше само топката. Го напуштив Уругвај како дете, но никогаш нема да заборавам каде сум роден, мојата земја и затоа знам дека тие го заслужуваат моето извинување. Простете ми, се извинувам на оние кои мислат дека не го почитувам претседателот. Се извинувам на оние кои мислат дека не го почитувам националниот дрес. Се извинувам на оние кои се навредени и кои мислат дека ги зеземам политички ставови. Можеби нема да ја бранам земјата на начин како што очекувате, но не знам друг начин да го направам тоа освен топката во моите нозе“, напиша Валверде.