Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Сити рече дека заминува, а Гвардиола остана во шок: „Слушам од вас, ќе го прашам лично“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше прилично изненаден од веста што ја слушна денеска од новинарите. Искусниот бразилски играч за врска Фернандињо (36) објави дека го напушта Манчестер Сити на крајот од сезоната и го шокираше менаџерот на тимот.

Искусниот играч за врска на почетокот на мај ќе го прослави својот 37 роденден. Јасно е дека неговата игра полека опаѓа, па Сити нема намера да го продолжи неговиот договор кој истекува на крајот од сезоната.

Фернандињо по девет години ќе го напушти клубот, но нема намера да ја заврши кариерата. Тој се уште сака да игра.

“Сакам да играм. Се враќам во Бразил, тоа е сигурно. Решив да го направам тоа со семејството, тоа ми е најважно”, изјави Фернандињо.

Неговиот потег го изненади менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

„Не знаев за тоа. Слушнав од вас. Навистина не знаев. Ќе видиме, не знаев дека ќе се случи. Ќе го прашам лично него, тој е важен играч во соблекувална“, изјави Гвардиола.

Фернандињо помина девет години во Манчестер. Тој пристигна во 2013 година од украински Шахтјор за 34 милиони фунти.

Со години, Бразилецот беше многу важен фактор во играта на Сити. Тој одигра 373 натпревари и постигна 25 гола.

Со Граѓаните, Фернандињо освои четири титули во англискиот шампионат, една ФА Куп и Комјунити Шилд и шест трофеи во ЕФЛ купот.