Фудбал
100 евра казна секогаш кога ќе го спомне Арсенал
Пред неколку дена, Иван Газидис и официјално беше именуван за нов генерален менаџер на италијанскиот калчо гигант Милан. Неколку часа подоцна, италијанските медиуми открија дека постои бизарна клаузула во неговиот договор. Секој пат кога ќе го спомне својот поранешен клуб, Арсенал, Газидис ќе мора да плати клупска казна во износ од 100 евра.

Како што дозна “Спорт Медиасет”, Газидис нема никаков проблем со таквата клаузула и е подготвен да жртвува дел од својот приход само да им покаже на своите нови колеги што треба да направат доколку сакаат клубот повторно да биде успешен. Газидис е свесен дека тешко ќе збори без да го спомне лондонскиот премиерлигаш, каде беше главна алка 10 години, но се надева дека новите работодавци ќе профитираат од таквите совети.
Газидис е еден од основачите на американската МЛС, а преку Арсенал, каде ги дуплираше приходите, дојде до седумкратниот европски клупски шампион.
“Росонерите” имаат неколку јасни цели – прво мора да изградат нов стадион. Идеата е веќе претставен, откако раководните лица дојдоа до заклучок дека е поисплатливо да се изгради нов стадион, отколку да се реновира “Сан Сиро”. Проектот ќе биде успешен само доколку стадионот секогаш биде исполнет до последно место.
Шефовите на Милан учат од примерот на Јувентус, кој изгради нов стадион кој секогаш е полн до последно место.
Втората, а можеби и побитна цел е младинската школа на Милан, која е биде под контрола на Газидис. Во Арсенал имаше за задача секој година да промовира еден фудбалер од младинскиот тим во сениорскиот.
- “Повеќе како Малдини, а помалку како Роналдо”, е слоганот под кој ќе функционира младинската школа. Исто така, Газидис ќе има за задача да ги решава сите проблеми околу Финансискиот фер-плеј. Третата, која е најважна цел на “росонеритре” е враќање на клубот на самиот врв, како во Италија, така и во Европа.